Плати умно и учи ефективно

Научете англиски - индивидуални online часови по ваша мерка

Сакате бргу и ефикасно да научите англиски? Нашите индивидуални часови се совршено решение за вас! Со персонализиран пристап и внимателно осмислената програма, нашите стручни професори ќе вѝ помогнат да изградите цврсти темели и да се стекнете со практични јазични вештини кои ќе ги користите во реални животни ситуации. Со најсовремените методи на учење ќе откриете дека учење англиски јазик е возбудливо патување кое вѐ води кон остварувањето на вашите цели.

privatni casovi za sve uzraste

Зошто нашите пакет часови по англиски јазик се вистински избор за вас?

Затоа што веруваме дека учењето англиски треба да е:

Индивидуално и персонализирано

Индивидуално и персонализирано

Нашите часови се индивидуални, што значи дека професорот е фокусиран само кон вас и вашите потреби. Заборавете ги групните часови, таму може да се изгуби драгоцено време.

Усогласено со вашите обврски и слободното време

Усогласено со вашите обврски и слободното време

Учете кога тоа вас вѝ одговара, не ги попречувајте другите ваши обврски. Термините за учење сами ги одбирате и, часовите сами си ги закажувате.

Ефикасно користење на вашето време

Ефикасно користење на вашето време

Часот по англиски трае еден час, а нашите искусни професори користат проверени методи за секој час да биде максимално искористен.

Прилагоден буџет

Прилагоден буџет

Вѝ нудиме различни пакети на часови по пристапни цени. Со можност учењето на англискиот да го плаќате на рати, учењето станува уште подостапно. За повеќе информации пополнете го формуларот [OVDE]

Фокусирани на Вас

Фокусирани на Вас

Доколку не сте задоволни со одбраниот професор, можете да го смените со друг професор во кој и да било момент. Вашето задоволство нас нѝ е на прво место.

Вложување во знаењето англиски е инвестиција што повеќекратно се исплати

Отворете ги своите врати за нови можности, унапредете ја вашата кариера, патувајте безгрижно и комуницирајте со светот околу вас без јазични бариери.

Вашата цел е наша мисија

Учењето англиски е кроено по ваша мерка!

Заборавете го учењето со примена на традиционални принципи, со читање лекции и учење исклучиво граматика - тоа не соодветствува на вашите потреби. Нашите часови по англиски се дизајнирани да ве доведат до целта, било да е тоа:

student studying

Сертификација на вашето познавање на англискиот јазик

Сакате официјална потврда на нивото на вашето знаење? Ве подготвуваме за IELTS, TOEFL, A1-C1, или кој и да e било друг испит.

Разговорен англиски

Сонувате за тоа да зборувате англиски течно и без размислување? Нашата програма за разговор ќе ви помогне да се ослободите од страв и да уживате во комуникацијата на англиски.

Деловен англиски

Сакате да ја унапредите вашата кариера и со колегите од целиот свет непречено да комуницирате? Нашиот деловен англиски ќе вѐ опреми со вештини потребни за успешна комуникација во глобалното деловно опкружување.

Како го правиме тоа?

01

Ја дефинираме вашата цел

Заеднички ќе утврдиме што е тоа што сакате да го постигнете со учење англиски јазик.

02

Креираме персонализиран план за вас

Врз основа на целта што сте ја поставиле и, имајќи го во предвид и нивото на вашето знаење и стилот на учењето, ние ја креираме програмата која што вас најбрзо ќе вѐ доведе до резултат.

03

Го следиме вашето напредување

Редовно ќе го проверуваме вашето знаење, а планот на учењето ќе го прилагодуваме така што вие максимално ќе напредувате.

04

Го прославуваме вашиот успех

Откако ќе ја остварите поставената цел, ние ќе бидеме тука за да прославиме со вас

Стандардни пакети на часови

150€

10 часа

Мал пакет

Идеално за почетници или за тие кои сакаат да си го освежат веќе постоечкото знаење на јазикот.

Совладајте ги основните фрази и граматика потребна за едноставна комуникација.

1 час = 60 минути

280€

20 часови

Среден пакет

Проширете го својот вокабулар и стекнете самодоверба во говорот и пишувањето.

Погодно за постигнување средно ниво на знаење (B1).

1 час = 60 минут1

360€

30 часови

Голем пакет

Усовршете ја граматиката, изговорот и разбирање на посложени текстови.

Идеално за тие што се амбициозни и се стремат кон високо ниво на знаење (B2-C1).

1 час = 60 минути

Со купување пакет часови добивате повеќе од само учење англиски, односно добивате и:

Континуитет и напредување

Со пакет часови си обезбедувате континуитет во учењето, а тоа вѝ носи загарантирано напредување.

Заштеда на пари

Пакет часовите се поповолни од поединечно плаќање на поединечни часови, што значи дека за ваште пари добивате многу повеќе.

Заштеда на времето

Не мора да се грижите околу постојано барање професор, закажување и плаќање на часови. Со една уплата на пакетот, вас вѝ останува само да се фокусирате на учење.

Спокојство

Ние вѝ стоиме на располагање како поддршка, а за сите прашања можете да нѐ контактирате преку support@easypass.rs

Флексибилност

Часовите траат еден час, можете да ги закажувате во термини кои вас вѝ одговараат.

people working

За да бидете
100% сигурни

Пакетот на часови може да го откажете во секој момент и тоа во текот на траењето на пакетот! До сега не сме имале ниту едно такво барање, но вѝ стоиме на располагање и за замена на професор доколку во кој и да било момент побарате такво нешто!

Учете со одбраниот професор 1 на 1, без никој да вѐ попречува и учете со темпо кое вас вѝ одговара.

Во виртуелната Easy училница наставата се одвива online, со присуство на професор.

Покрај англиски јазик, вѝ нудиме и часови по германски, италијански, шпански и француски и уште 30 други јазици.

Без разлика дали сте почетник или сакате да го усовршите своето знаење, ние имаме програма за вас (A1–C1), а часовите се наменети за сите нивоа на знаење и за сите возрасни групи.

Започнете со учење кога вас вѝ одговара и одберете ги термините кои се вклопуваат во вашиот распоред.

За најдобри резултати препорачуваме неделно 2–3 часа од по 60 минути.

Одберете пакет од 10, 20 или 30 часови, зависно од вашите цели и потреби.

Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени му се на вашиот успех.

Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени му се на вашиот успех.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Вкупен износ: 17,600 RSD

Не сте сигурни? Контактирајте нè преку е-пошта
или јавете ни се на: +381631126482 или +381606205414