Услови за користење

Со користење на EasyPass платформата (во понатамошниот текст: „Платформата“), се согласувате и ги прифаќате овие Услови за користење (во понатамошниот текст: „Услови за користење“). Доколку не се согласувате со кој било дел од Условите за користење, ве молиме да не ја користите Платформата.

1. Давател на услугата

Сопственик на Платформата и давател на услугите преку Платформата е EasyPass 2020 ДОО, со седиште во Белград – Нов Белград, Булевар Зоран Ѓинѓиќ бр. 35/27, запишано во Регистарот на стопански субјекти што го води Агенцијата за стопански регистри под број БД 96146/2021 од 23.11.2021 година, матичен број 21737542, ЕДБ 112779394, шифра на дејност 6209 – Други услуги од областа на информатичката технологија (во понатамошниот текст: „EasyPass“).

Контакт е-пошта: support@easypass.rs

2. Корисници на Платформата

Овие Услови за користење се применуваат на:

  • Ученици – физички или правни лица кои ја користат Платформата за посетување приватни часови
  • Професори – физички или правни лица кои нудат и одржуваат приватни часови преку Платформата

Учениците и Професорите заеднички се нарекуваат: „Корисници“, освен ако не е поинаку наведено.

3. Намена на сервисот

Платформата е наменета за онлајн закажување и организација на приватни часови.

EasyPass овозможува поврзување на Ученици со Професори од различни образовни области. EasyPass не учествува во самото одржување на часовите, ниту во односот меѓу Ученикот и Професорот, и не сноси одговорност за квалитетот, содржината, текот, исходот или законитоста на услугата што ја обезбедува Професорот.

Одржувањето на часовите целосно зависи од самите Професори.
Во случај на незадоволство од часот, Ученикот најпрво се обраќа кај Професорот, а по потреба и до поддршката на EasyPass, која може да преземе мерки со цел унапредување на квалитетот на Платформата (вклучувајќи и отстранување на профилот на Професорот).

4. Корисничка сметка

За користење на Платформата потребна е регистрација на корисничка сметка.

Корисникот е одговорен за:

  • точноста на податоците на сметката
  • сите активности извршени преку неговата сметка
  • евентуална штета настаната кон други Корисници, EasyPass или трети лица

Во случај на сомнеж за неовластено користење на сметката, Корисникот е должен без одлагање да го извести EasyPass на support@easypass.rs.

5. Закажување и одржување на часови

Сите часови се закажуваат исклучиво преку Платформата и се одржуваат онлајн преку виртуелната училница на EasyPass.

Ученикот ја избира саканата област и Професор, по што преку календар закажува термин за час.
Откако Професорот ќе го потврди терминот, линк за часот се доставува по е-пошта и е достапен во секцијата „Училница“. Влезот во училницата се врши со еден клик, без инсталација на дополнителни апликации.

AI белешките и снимките од часовите се достапни исклучиво за Професори со активирани пакети што ги вклучуваат овие функционалности. EasyPass не гарантира целосна точност на AI содржината.

6. Претплата и користење на Платформата (Професори)

Регистрацијата на Платформата е бесплатна.
За Професорот да може да прифаќа барања и да одржува часови, неопходно е да има активен претплатнички пакет.

Користењето на Платформата се наплатува по одржан час преку систем на кредити.
Еден кредит = еден закажан/одржан час.
Кредитите немаат временско ограничување и му стојат на располагање на Професорот сè додека не бидат искористени.

Достапни пакети:

Basic пакет

  • 10 кредити
  • Цена: MKD 1,190
  • Вклучува организација на часови, евиденција, потсетници и пристап до ученици

Easy Start

  • 5 кредити
  • Цена: MKD 1,290

Easy Boost

  • 10 кредити
  • Цена: MKD 1,890

Easy Master

  • 20 кредити
  • Цена: MKD 3,190

Напредните пакети вклучуваат дополнителни функционалности:

  • поголема видливост на профилот
  • преглед на пораки и снимки од училницата
  • AI белешки и препораки
  • приоритетна поддршка

EasyPass го задржува правото на измена на понудата и цените.

7. Наплата на часови од ученици

7.1 Индивидуални часови

Професорот и Ученикот самостојно го договараат начинот и рокот на плаќање.
EasyPass не учествува во наплатата и не сноси одговорност за:

  • неплатени часови
  • доцнење во плаќањето
  • даночни или други обврски на Професорот

Сите обврски се исклучиво на Професорот и Ученикот.

7.2 Корпоративни и редовни ученици

За часовите обезбедени од EasyPass (пакети и компании), EasyPass ги исплаќа Професорите месечно според однапред договорени услови.

8. Комуникација и забрани

Комуникацијата меѓу Корисниците се одвива преку секцијата „Пораки“.

Забранета е размена на лични контакт податоци (телефон, е-пошта, надворешни линкови).
Прекршувањето може да доведе до привремена или трајна забрана за користење на EasyPass платформата и блокирање на сметката.

9. Рефундација на претплата за професори

EasyPass не е образовна институција ниту традиционално училиште, туку дигитална платформа за поврзување на Ученици и Професори и организација на онлајн часови.

EasyPass не гарантира одреден број на закажани или одржани часови на неделно, месечно или кое било друго временско ниво. Бројот на часови што Професорот може да ги оствари преку Платформата зависи од повеќе фактори, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • квалитетот и целосноста на профилот на Професорот
  • претходното искуство и наставната област
  • видот на предметот и пазарната побарувачка
  • сезоналност
  • оценки, рецензии и коментари од претходни ученици

Професорот има право да поднесе рекламација во врска со техничкото функционирање на Платформата или користењето на претплатата, преку е-пошта support@easypass.rs.

Платениот износ за претплата не се рефундира, бидејќи EasyPass не гарантира број на часови, туку исклучиво овозможува користење на Платформата и нејзините функционалности.

Кредитите купени во рамки на претплатата не подлежат на истек и му остануваат на располагање на Професорот без временско ограничување, сè додека не бидат искористени преку одржување часови.

Освен во случај на прекршување на правилата на Платформата (одржување часови надвор од Платформата, споделување лични контакт податоци, непојавување на часови, долготрајна неактивност или неодговорно однесување), EasyPass го задржува правото да ја укине претплатата и видливоста на профилот без поврат на уплатените средства.

10. Корисничка содржина

Корисниците му даваат на EasyPass неексклузивно право за користење на содржината што ја објавуваат на Платформата (впечатoци, оценки, изјави), вклучувајќи и за промотивни цели.

Забрането е објавување на:

  • незаконска или навредлива содржина
  • измамнички информации
  • рекламна содржина

11. Злоупотреба на Платформата

Забранета е каква било злоупотреба на Платформата, вклучувајќи лажни закажувања, непојавување и неовластено користење на податоци.
EasyPass го задржува правото на моментална деактивација на сметката без претходна најава.

12. Известувања

EasyPass може да испраќа известувања преку е-пошта, SMS и push нотификации.
Корисникот може да се одјави во секое време.

13. Заштита на податоци

EasyPass постапува во согласност со GDPR прописите.
Податоците се достапни исклучиво за EasyPass и не се споделуваат со трети лица без правна основа.

14. Измени на Условите за користење

EasyPass го задржува правото на измена на овие Услови.
Измените стапуваат на сила во моментот на нивното објавување на веб-страницата.