Плати умно и учи ефективно
Сакате бргу и ефикасно да научите германски? Нашите индивидуални часови се совршено решение за вас! Со персонализиран пристап и внимателно подготвена програма, нашите стручни професори ќе вѝ помогнат да изградите цврсти темели и да се стекнете со практични јазични вештини кои ќе ги користите во реални животни ситуации. Со најсовремените методи на учење ќе откриете дека учење германски јазик е возбудливо патување кое вѐ води кон остварувањето на вашите цели.
Затоа што веруваме дека учење германски треба да биде:
Вашата цел е наша мисија
Заборавете го учењето со примена на традиционалните принципи, читање лекции и учење исклучиво граматика, бидејќи тоа не соодветствува со вашите потреби. Нашите часови по германски се дизајнирани да вѐ доведат до целта, било да е тоа:
Вашата цел е наша мисија
Заборавете го учењето со примена на традиционалните принципи, читање лекции и учење исклучиво граматика, бидејќи тоа не соодветствува со вашите потреби. Нашите часови по германски се дизајнирани да вѐ доведат до целта, било да е тоа:
Заеднички ќе утврдиме што е тоа нешто што сакате да го постигнете со учење германски јазик.
Врз основ на целта што сте ја поставиле, земајќи ги во предвид и нивото на вашето знаење и стилот на учењето, ние ќе ја креираме програмата која што вас најбрзо ќе ве доведе до резултати.
Редовно ќе го проверуваме вашето знаење, а планот на учењето ќе го прилагодуваме така што вие максимално ќе напредувате.
Откако ќе ја остварите поставената цел, ние ќе бидеме тука за да прославиме со вас!
Идеално за почетници или оние кои сакаат да го освежат своето знаење.
Совладајте основни фрази и граматика за едноставна комуникација.
1 час = 60 минути
Проширете го вашиот вокабулар и стекнете самодоверба во говорење и пишување.
Погодно за постигнување средно ниво на знаење (B1).
1 час = 60 минути
Усовршете ја граматиката, изговорот и разбирањето на посложени текстови.
Идеално за амбициозни кандидати кои се стремат кон високо ниво на знаење (B2-C1).
1 час = 60 минути
Професорот може да го замените во секој мoмент на времетраењето на пакетот. До сега не сме имале ниту едно такво барање, но сепак вѝ стоиме на располагање доколку во кој и да било момент побарате замена на професор!
Учете со професорот 1 на 1, без никој да вѐ попречува и учете со темпо кое што вам вѝ е прилагодено.
Во виртуелната Easy училница наставата се одвива online, со присуство на предавачот.
Покрај германски јазик, вѝ нудиме и часови по англиски, италијански, шпански и француски и уште 30 други јазици.
Без разлика дали сте почетник или сакате да го усовршите своето знаење, ние имаме програма за вас (A1–C1), а часовите се наменети за сите нивоа на знаење и за сите возрасни групи.
Започнете со учење кога тоа вас ќе вѝ одговара и одберете термини кои ќе се вклопуваат во вашиот распоред.
За најдобри резултати ние препорачуваме неделно 2–3 часа од по 60 минути.
Одберете пакет од 10, 20 или 30 часови, зависно од вашите цели и потреби.
Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени му се на вашиот успех.
Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени му се на вашиот успех.
Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.