Плати умно и учи ефективно

Научете француски online: Вашиот пат кон течно зборување на јазикот, културното богатство и професионален успех

Францускиот јазик е познат како јазик на љубовта, уметноста, дипломатијата и деловните прилики. Без оглед на тоа дали сонувате за прошетки низ париските авении, разговор со локални жители во Прованса, читање класичната литература во оригинал или за напредување во кариерата, нашите online часови по француски се вашата отскочна даска кон остварувањена тие ваши соништа.

privatni casovi za sve uzraste

Зошто да ги одберете нашите online пакети на часови по француски?

Учењето француски online ги отвора вратите кон неограничени можности. Нашите часови вѝ нудат:

Флексибилност

Флексибилност

Учете кога и каде ќе посакате, прилагодено кон вашето животно темпо.

Персонализиран пристап

Персонализиран пристап

Нашите искусни професори креираат индивидуален план за учење, со фокусирање врз вашите специфични потреби и цели.

Интерактивност

Интерактивност

Учествувајте во динамични часови, вежбајте конверзација со изворни говорници и учете низ забавни активности.

Нуркање во културното благо

Нуркање во културното благо

Откривајте го богатството на француската култура, историја и уметност низ автентични материјали и дискусии.

Технолошка поддршка

Технолошка поддршка

Користете ја нашата модерна online платформа за учење, таа вѝ овозможува пристап кон разновидни ресурси и алати за следење на вашето напредување

Вложување во знаењето на францускиот јазик е инвестиција која повеќекратно вѝ се исплатува

Отворете ги вратите кон новите можности, унапредете ја вашата кариера, патувајте безгрижно и комуницирајте со светот без јазички бариери.

Вашата цел е наша мисија

Учење француски е кроено по ваша мерка

Пакети online часови по француски се прилагодени кон различни нивоа на познавањето на јазикот и кон поединечните цели како што се:

student studying

Сертификација на вашето знаење на францускиот јазик

Сакате официјална потврда на нивото на вашето знаење? Ве подготвуваме за IELTS, TOEFL, A1-C1, или кој и да e било друг испит.

Разговорен француски

Сонувате за тоа да зборувате француски течно и без размислување? Нашата конверзациска програма ќе ви помогне да се ослободите од стравот и да уживате во комуникацијата.

Деловен француски

Сакате да ја унапредите својата кариера и да комуницирате со колеги од целиот свет? Нашиот деловен француски ќе вѐ опреми со вештини неопходни за успешна комуникација во глобалното деловно опкружување.

Нашата методологија

Нашата методологија е заснована врз комбинирање на комуникативен пристап, персонализирано внимание и најсовремените технологии.

Проценка на нивото на знаењето на јазикот

Започнуваме со тестирање на вашето моментално ниво на познавањето на јазикот за да утврдиме кои се вашите предности и во кои области е потребно дополнително внимание.

Редовни часови

Одберете си индивидуални или групни часови со нашите искусни професори, тие ќе вѐ водат низ материјалот, ќе вѝ пружат повратни информации и ќе вѝ одговараат на сите прашања.

Континуирана поддршка

Нашиот тим е тука за вас во текот на целиот процес на учењето. Можете да нѝ се обратите за додатни објаснувања, совети или мотивација.

Следење на вашето напредување

Редовно го следиме вашето напредување низ тестови и квизови за да бидеме сигурни дека ги остварувате целите што сте си ги поставиле и по потреба го прилагодуваме вашиот план на учење.

Индивидуален план на учење

Врз основ на вашите резултати и целите што сте си ги поставиле, ние креираме персонализиран план на учење кој ги опфаќа сите аспекти на учењето на јазикот.

Граматика: Научете ја француската граматика низ јасни објаснувања, примери и вежби.

Вокабулар: Проширете го својот француски речник низ тематски лекции, зборови и автентични материјали.

Изговор: Усовршете го својот акцент и изговор со помош на нашите професори и по пат на интерактивни вежби.

Слушање: Развивајте способност на разбирање на говорниот француски јазик низ различни аудио материјали и активности.

Читање: Запознајте се со различни стилови на пишување и збогатете го својот француски речник низ читање статии, приказни и литературни дела.

Пишување: Научете правилно да се изразувате во пишана форма, како низ пишување неформални пораки така и пишување формални писма и есеи.

Говор: Стекнете самодоверба во комуникација на француски низ разговори со професори и други ученици.

Како го постигнуваме тоа?

01

Ја дефинираме вашата цел

Заеднички ќе утврдиме што е тоа што сакате да го постигнете со учење француски јазик.

02

Креираме персонализиран план за вас

Врз основа на целта што сте си ја поставиле, нивото на вашето знаење и стилот на учење, ние ја креираме програмата која што вас најбрзо ќе вѐ доведе до саканиот резултат.

03

Го следиме вашето напредување

Редовно ќе го проверуваме вашето знаење и планот на учењето ќе го прилагодуваме така што вие максимално да напредувате.

04

Го прославуваме вашиот успех

Откако ќе ја остварите поставената цел, ние ќе бидеме тука за да прославиме со вас!

Стандардни пакети на часови

150€

10 часа

Мал пакет

Идеално за почетници или за тие кои сакаат да си го освежат веќе постоечкото знаење на јазикот.

Совладајте ги основните фрази и граматика потребна за едноставна комуникација.

1 час = 60 минути

280€

20 часови

Среден пакет

Проширете го својот вокабулар и стекнете самодоверба во говорот и пишувањето.

Погодно за постигнување средно ниво на знаење (B1).

1 час = 60 минути

360€

30 часови

Голем пакет

Усовршете ја граматиката, изговорот и разбирање на посложени текстови.

Идеално за тие што се амбициозни и се стремат кон високо ниво на знаење (B2-C1).

1 час = 60 минути

Со купување пакет часови добивате повеќе, а не само учење француски туку и:

Континуитет и напредок

Со пакет часови си обезбедувате континуитет на учењето што вѝ носи загарантирано напредување.

Заштеда на пари

Пакет часовите се поповолни од поединечното плаќање часови, што значи дека за ваште пари добивате повеќе.

Заштеда на времето

Не мора да се грижите за постојано барање професор, закажување и плаќање на часовите. Со една уплата на пакетот вѝ останува да се фокусирате само на учењето.

Мирни сте

Ние вѝ стоиме на располагање како поддршка и за сите прашања можете да нѐ контактирате преку support@easypass.rs

Флексибилност

Часовите траат еден час, можете да ги закажувате во термини кои вас вѝ одговараат.

people working

Да бидете
100% сигурни

Пакетот на часовите можете да го откажете во секој момент во текот на неговото траење! До сега не сме имале ниту едно такво барање, но вѝ стоиме на располагање за замена на професор доколку побарате такво нешто во кој и да било момент!

Учете со професорот 1 на 1, без никој да вѐ попречува и учете со темпо кое вас вѝ одговара.

Во виртуелната Easy училница наставата се одвива online, со присуство на професорот.

Покрај францускиот, вѝ нудиме и часови по англиски, германски, италијански, шпански и уште 30 други јазици.

Било да сте почетник или сакате да го усовршите своето знаење, ние имаме програма за вас (A1–C1) и часови наменети за сите нивоа на знаење и за сите возрасни групи.

Започнете со учење кога вас вѝ одговара и одберете ги термините кои се вклопуваат во вашиот распоред.

За најдобри резултати препорачуваме неделно 2–3 часа од по 60 минути.

Одберете пакет од 10, 20 или 30 часови, зависно од вашите цели и потреби.

Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени се на вашиот успех.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Вкупен износ: 17,600 RSD

Не сте сигурни? Контактирајте нè преку е-пошта
или јавете ни се на: +381631126482 или +381606205414