Добрила Г.

Добрила Г.

0 recenzija

Цена

800ден 45мин

Достапност

pet
sub
ned
pon
uto
sre
čet
08-12h
12-16h
16-20h
20-23h

Распоред на слободни термини на избраниот професор за месец февруари.

Часови за возраст

  • Основно училиште (5-8) одделение
  • Средно училиште
  • Возрасни

За мене

Јас сум професор по италијански јазик и литература, дипломирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со магистерски студии по дипломатија на Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Имам повеќе од 13 години наставно искуство, како професор во средно училиште, како и долгогодишна работа со возрасни и деца во приватна настава. Во текот на мојата кариера сум посетувала бројни обуки и семинари од областа на дидактиката и методиката, што ми овозможува постојано да ја унапредувам наставата и да ги следам современите пристапи во учењето јазици. Мојот стил на подучување е јасен, структуриран и интерактивен, со посебен акцент на разговорната пракса, разбирањето и самодовербата кај ученикот. Часовите ги прилагодувам според целите на секој ученик – без разлика дали учи италијански за работа, патување, испити или лично усовршување. Верувам дека јазикот најдобро се учи преку практична употреба, реални ситуации и позитивна атмосфера. Во слободно време уживам во спорт, читање книги и гледање серии на Netflix, а љубовта кон јазиците и културите е моја постојана мотивација во работата. Доколку сакате ефикасни, пријатни и целно насочени часови по италијански јазик, со задоволство ве поканувам да закажеме час и да започнеме со учење заедно.

Образование

Филолошки факултет Блсже Конески

Рецензии

0 рецензии од ученици