0 recenzija
Цена
Достапност
Распоред на слободни термини на избраниот професор за месец јуни.
Наставник по македонски јазик и литература со 5 години работно искуство во основно и средно образование и дополнителни 6 години во подучување на ученици од 6-9одд. во домашни услови и онлајн. Магистрант по Менаџмент во образование на Филозофски факултет- Скопје. Работата како наставник ја имам реализирано според повеќе наставни планови и програми за основно и средно образование (гимназиско, средно стручно и уметничко). На часовите преферирам индивидуален пристап на работа, според потребите на ученикот, подеднакво во областите јазик и литература. Со посебен акцент на: читање со разбирање, анализа на литературни дела, пишување есеи на различни теми. Преку различни наставни техники и методи лесно успевам да ги мотивирам учениците да го развијат својот креативен потенцијал.
Филолошки факултет "Блаже Конески"-Скопје
0 рецензии од ученици